Видео: Возеше по левата лента и удри возило на патот Куманово – Свети Николе

На 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово.

По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*