РЕГИОНАЛНО: Се подобрува патната инфраструктура во беровското село Русиново

Се подобрува патната инфраструктура во село Русиново. Во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2020 година, денес како што истакнаа од Општината, привршуваат активностите за изградба на улица ,,Боро Алаѓозов” во село Русиново.

-Нов асфалт во должина од 300 метри денеска доби улица ,,Боро Алаѓозов”, во селл Русиново, со што се подобрува  патната мрежа во населените места, а со тоа се подобрува квалитетот на живот на жителите од с. Русиново и нивната пристапност до центарот на селото и градот, истакнаа од Општината.

Увид во градежните работи изврши градоначалникот Пекевски кој рече дека подобрувањето на состојбата на патиштата е од особено значење за жителите на Берово и населените места.

-И во периодот што следи ќе продолжиме согласно предвидената динамика максимално да работиме на реализација и на други инфраструктурни проекти со единствена цел да го подобриме животот на граѓаните и тие да добијат соодветна инфраструктура, рече Пекевски.

Средствата во износ од 2,4 милиони денари, за реконструкција на оваа улица, како што додадоа од општината се обезбедени 50 проценти од Биро за регионален развој и 50 проценти од Буџетот на Општина Берово за 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*