Делчевската населба Студена Чешма доби јавно осветлување. Надлежните информираа дека ова е прв пат како се поставува комплетна инсталација, со што се решава долгогодишниот проблем на жителите.
-Со поставувањето на комплетната инсталација се решава долгогодишен проблем и се одговори на барањето на жителите од оваа населби кои и во 21 век немаа улично осветлување. Инвестицијата за броила, канделабри, светилки и комплетната инсталација е на Општина Делчево, информираа надлежните.
Како што додадоа, освен населбата Студена чешма во село Очипала денеска ќе биде поставена инсталација за комплетно јавно осветлување и во Димовско Маало во село Драмче.

-Во делот на уличното осветлување претходниот период се инвестираше и во зголемување на бројот на улични светилки во селата Разловци, Вирче, Стамер, Ѕвегорска Река и градските населби Расадник и Милково Брдо, додадоа од Општината.
Освен населбата Студена чешма, претходно улично осветлување за прв пат се постави и во село Полето.
Leave a Reply