Во Делчево промовирана збирката хуморески „Ѕврчки“ од Крум Николовски

Во градскиот парк во Делчево вечерва се одржа промоција на збирката хуморески „Ѕврчки“ од авторот Крум Николовски. Книгата е прво дело на Николовски кој истакна дека со пишување се бави повеќе од 46 години.

-Идејата да ја напишам „Ѕврчки“ која е поделена во три дела, Историски, Социјални и Студентски ѕврчки, така дојде спонтано иако јас со пишување се бавам од далечната 1974, тоа се 46 години. Ако ме служи здравјето се надевам дека имам материјал уште за три четири книги кои би ги отпечатил, рече Николовски.

Вечерва како што истакна рецензентот Миле Ѓорѓијоски беше промовирана една од ретките книги кои само неколку автори ги имаат издадено во Македонија.

-Уште подобро е што промоцијата помина во ведра атмосфера, а она што е најважно што Крум Николовски има материјал за 5-6 книги и се надевам дека во скоро време можеби пред Нова година ќе излезе со нова книга, рече Ѓорѓијоски.

Организатор на настанот беше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, настан кој беше организиран согласно сите протоколи на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

-Тоа беше еден од условите да може да одржиме било каков културен настан. Промоцијата протече во најдобар ред, честитки до авторот на кој му посакуваме што повеќче книги да издаде и да учествуваме на уште негови промоции, рече директорот на установата Методи Толевски.

Во рамки на настанот извадоци од делото читаа членовите на некогашното „Експериментално театарче“.

Промовирано хумореската „Ѕврчки“ од авторот Крум Николовски

Промовирано хумореската „Ѕврчки“ од авторот Крум Николовски

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 23. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*