Апел за помош на Санде Цековски

Санде Цековски од село Косевица, Македонска Каменица упатува апел за помош до сите хумани граѓани и организации, поради својата незавидна здравствена состојба. Потребни се средства за лекување кои Цековски не е во можност самиот да ги обезбеди.

Линк за донации на средства: https://www.facebook.com/donate/655278158401727/

Во упатениот апел од 55-годишниот жител на Косевица Санде Цековски се вели:

Почитувани граѓани,
Драги пријатели ширум државата и надвор од неа,

Јас, Санде Цековски од с.Косевица, роден на 07.11.1964 година веќе неколку години се борам за своето здравје. Како Рударски Работник во Рудникот Саса во Македонска Каменица, пред неколку години ми беше дијагностициран тумор при што во 2018 години ми беше извршена операција т.н нефректомија. Од тогаш мојата ситуација константно се влошува па така бев подложен на уште една операција. На 20-ти Јули 2020-та година во болницата АЏИБАДЕМ СИСТИНА би беа дијагностицирани и потврдени дијагнозите C41.9 – Малигна неоплазма на коска и зглобна рскавица и G95.2 – Компресија на рбетниот мозок за што ми е препорачан итен хируршки зафат.

Хируршкиот зафат во болницата АЏИБАДЕМ СИСТИНА согласно про фактура бр.124/2020 од 22-ри Јули 2020-та година чини 2 133 505 денари или нешто помалку од 35000 евра, финансиски средства кои јас искрено не сум во можност да ги обезбедам и затоа ја барам Вашата помош драги хумани луѓе.

Мојата здравствена ситуација е незавидна и секој ден е важен за да можам да си го вратам здравјето, па затоа упатувам молба до сите Вас, ХУМАНИ ЛУЃЕ да се вклучите во хуманитарната акција за моја помош и да ми помогнете во рамките на Вашите можности, а јас Ви ветувам дека кога ќе оздравам ќе го правам истото и секогаш ќе помагам.


Однапред Ви благодарам хумани луѓе !

Со почит и искрено благодарен,

Санде Цековски

Линк за донации на средства: https://www.facebook.com/donate/655278158401727/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*