На 31 јули истекува рокот за пријавување субвенции!

Подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Делчево ги известува земјоделците дека рокот за поднесување за барања за пријавување за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година, истекува на крајот на месецов, односно 31.07.2020 година.

-Со цел да им излеземе во пресрет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) од 7:30 до 16:30 до истекување на рокот за доставување на апликациите, истакнаа од делчевската подрачна единица на МЗШВ.

Поднесувањето на барањата како што додадоа може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), каде што е ставено упатството за аплицирање.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава,  кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата. 

На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите Подрачни единици…

Gepostet von Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство am Mittwoch, 22. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*