По вчерашните нови тестови нема нови заразени од Ковид-19 во Пијанечкиот регион

По појавата на четворицата позитивни пациенти на КОВИД-19 и вчерашните направените нови тестови на вработени во рудник САСА од делчевската здравствена установа денес потврдија дека нема нови случаи на коронавирус во Пијанечкиот регион.

Останува информацијата да биде потврдена од Министерството за здравство, од каде за многу кратко ќе излезат со дневната статистика за бројот на позитивни пациенти за 28 јули 2020.

Заклучно со вчерашниот ден во М.Каменица се регистрирани 4 позитивни пациенти на Ковид-19 кои се асимптоматски случаи со лесна клиничка слика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*