Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево се здоби со нова стручна литература. Од библиотеката информираа дека литературата е обезбедена преку Министерството за образование и наука на РСМ.
-Како и секоја година и годинава, Министерството за образование на РСМ, на библиотеката и подари многу нови наслови,стручна литература и тоа скоро од сите области. Се надеваме дека за оваа литература ќе има голем интерес од страна на посетителите на установата, истакнаа од библиотеката.

Од таму додадоа дека голем број од насловите ќе им користат на студентите за успешно полагање на нивните испити.
-Станува збор за скапа литература и од тие причини апелираме до сите студенти и до сите кои имаат потреба од ваква литература да ја посетат библиотеката и да одберат некој од трудовите кој им е потребен за испит, додадоа од ЈЛБ „Илинден“.
Збогатување на книжниот фонд, како што додадоа има и во клонот на установата во М.Каменица, каде од вчера на полиците на бибиотеката се наоѓаа нови наслови, кои се популарни меѓу читателската публика.

Leave a Reply