Во Македонска Каменица невладината организација „Надеж Hope“ започна со реализацијата на проектот „Чекориме напред“.
Проектот како што информираше координаторот Борче Димитровски е финансиран од ЕУ и се реализира во соработка со МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Центарот за развој и соработка на граѓанските организации на Република Словенија.
-Главни цели на проектот се да ја зголемиме финансиската отчетност на здружението во јавниот сектор како и подобрување на структурата на самата организација и ззголемена видливост на организацијата во интернет просторот, истакна Димитровски.

Активностите од проектот, како што додаде ќе се спроведуваат во времетраење од 5 месеци, до месец декември 2020 година.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од проектот „Транспарентност и отчестност на граѓанските организации“ преку програмата за одржливо граѓанско општество.
Leave a Reply