Излезе од печат „Некоректен мртовец“ од Миле Ѓорѓијоски

Богатиот повеќе од 30 годишен опус на познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски збогатен за уште еден наслов. „Некоректен мртовец“ е комедија која деновиве излезе од печат и е меѓу ретките изданија на книги со комедии во македонското творештво.

Книгата „Некоректен мртовец“ како што истакна самиот автор е комедија во 16 слики.

-Се работи за специфично издание на книга со комедии, која е една од ретките досега издадена од наши автори. Книгата има две изданија. За едното издание илустрациите и кориците се на Дарко Богданов, стрип цртач и илустратор, а за другото издание на Танас Дедов, ликовен уметник, рече Ѓорѓијоски.

Концептуалниот уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов, кој е рецензент на книгата додаде дека „Некоректен мртовец“ е книга во чии сцени секој може да пронајде дел од својот карактер.

-Истовремено „Некоректен мртовец“ е пиеса која преку сатирата ни нуди можност да погледнеме низ прозорецот во домот на едни страдалници, да се пронајдеме во нивната мака, да се насмееме на нивната горчлива судбина, да осознаеме дека „се што лета не се јаде“, рече Гогов.

Еве дел од неговата рецензија:

АКО СМРТТА Е РЕШЕНИЕ, ТОГАШ СИТЕ ДА СИ УМРЕМЕ – или, како ја убивме логиката на пристојно живеење? Пиесата „Некоректен мртовец“ на Миле Ѓорѓи-јоски претставува своевидна потрага по подобар живот, по подобро утре, но во најмала рака, сето тоа да се по-стигне на најлесен начин, односно, како по брза поста-пка со помош на фиктивно сценарио да се избегнат мо-жните настанати или наметнати проблеми од општест-вото. А проблеми многу, течат низ ногавиците, се исту-раат од џебовите, претат во фиоките, напластени се по полиците. Не се буквално големи, немаат таков физич-ки габарит, но ете како болат, овде се, испишани се ре-дат и таложат во „пандорината кутија“, т.е. поштен-ското сандаче. Ги има секакви, во пликоа со најразли-чни бои, некои се бели, некои сини, но сѐ повеќе ги има таквите кои алармантно зрачат и предупредуваат со цр-вено. Кога би можеле сите да ги искинеме, запалиме, фрлиме, дали со тоа ќе исчезне и нивната содржина? Сите ние на некој специфичен начин сме жртви на си-стемот, таквата виктимизација на човекот како единка, како индивидуа исправена наспроти општествените ве-терници е ставена на пиедестал и преку призмата на симплифицираниот, народен, па и балкански хумор до-ведена пред нашите очи. Внимателно, речиси ненаметливо Миле Ѓорѓи-јоски во пиесата „Некоректен мртовец“ таквата пробле-матична состојба на една фамилија која се соочува со финансиски проблеми ја рационализира, ја доведува до апсурд, раскажувачот нѐ носи во животот на главните протагонисти и ја разголува вистината до степен на гротеска. Неговата наивна нарација, едноставноста на ликовите, а и самите сцени ни даваат можност да по-гледнеме подобро, со насмевка на лицето во збрките и неприликите на луѓе кои дошле до мртва точка, до си-туација од која нема излез освен да се започне главната игра, да се одглуми сопствената смрт, сѐ со цел да се избегнат проблемите, долговите и сите оние извршите-ли кои секојдневно дишат во врат. Таа неспокојна црта на преземање акти кои “не се нормални“, ја откриваат нашата тажна историја, фактот дека голем дел од семеј-ствата се своевидни бродови кои тонат, заринкани, за-главени и во процес на уништување. Посветеноста на ликовите да изградат дијалози во кои ќе ни ги пренесат интимните, човечките, секојдневни приказни и проблеми, да се презентираат нивните недо-умици, е блиска, фронтална, понудена на тацна. Состој-бата „да се биде или не“ како шекспировски клуч овде постојано лебди, доминантна е и носечка, а таквата сек-венција ја прави пиесата разиграна, динамична и весе-ла. Профилирањето на ликовите е “политички коректно“, станува збор за класична македонска фамилија која се соочува со болната вистина, а нема соодветно решение. Главата на семејството Трпе во неможност да ги реши финансиските проблеми решава да глуми (не)коректен мртовец, со цел сите овие напластени проблеми да ги закопа заедно со неговата смрт.

Репликите се блиски на читателот, романизирани до степен на кооперативна препознатливост. На увид ни се психолошките пресвр-ти, менталитетот и традицијата, односите се мајсторски филувани, а сцените од една во друга се поинтересни. Ќе се издигнат ли после ова, дали е ова најдоброто ре-шение, кој да умре, а кој да живее, има ли смисла сето ова? „Некоректен мртовец“ е огледало на голем дел од нашата популација, рефлексија на домашните, фами-лијарни и секојдневни апокалипси. Грижата се замену-ва со пластично решение, судбината се става на коцка, а проблемот се одложува. Парадоксално е тоа што так-вата бурлеска функционира беспрекорно, речиси нор-мално и прифатливо. Вмрежувањето на историите, нивната актуелност, ја прават предоминантна склонос-та на карактерите да живеат во илузија. Таквата рецеп-ција на субјектите е симболизација на непредвидливо-то, разградба на неочекуваното. Фолклорната импул-сивност ни нуди спонтани емотивни реакции, читате-лот ги акумулира сомнежот, индикациите за престап, трагите од злонамерност, чувството за несоодвеност на реалноста која нѐ опкружува без речиси никаква тежи-на. Таквиот „модус вивенди“ ја прави пиесата „Неко-ректен мртовец“ на Миле Ѓорѓијоски блиска за нашите животи. Живееме да ги видиме или раскажеме таквите мали острови на компромиси, а нивното манифестира-ње да го пресликаме и аплицираме во дискурсот на фа-буларниот животен дисконтинуитет. Нестабилни, флуидни и прилагодливи на предизвикот, ова класично семејство се втурнува во една неприрод-на интерпретација на затекнатата ситуација, а заплетот е речиси егзотичен. Психопатолошки теории на заго-вор, евтини продажби на душите, недостиг на човечка валидност, се само дел од спектарот на промислувања кои ги нуди оваа текстуализирана историја на економ-ската пропаст. Сите ние можеме да се пронајдеме во сцените, во ликовите, во репликите, а несомнено нема да останеме рамнодушни, туку “ќе се смееме и ќе пла-чеме истовремено“, ќе бидеме изненадени и вџашени од одредени решенија. „Некоректен мртовец“ е пиеса која преку сатирата ни нуди можност да погледнеме низ прозорецот во домот на едни страдалници, да се пронајдеме во нивната мака, да се насмееме на нивната горчлива судбина, да осозна-еме дека „се што лета не се јаде“. Таквиот набој е основа, базичен конструкт на совре-меното (болно) живеење. Кога само ова би било реше-ние… Митко Гогов, Кон пиесета „Некоректен мртовец“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*