Во месноста „Суви дол“ во делчевското с.Град запленети стебла од канабис сатива

Запленети стебла од марихуана во атарот на делчевското село Град. Стеблата биле пронајдени во координирана акција на делчевската полиција и одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност Штип и се предадени на вештачење од страна на јавен обвинител.

-Стеблата со марихуана се пронајдени во месноста ,,Суви дол” во атарот на делчевското село Град, каде наши екипи запленија 12 стебла марихуана. Растенијата се високи од 75 сантиметри до 3 метри и истите од страна на Јавен обвинител при ОЈО Кочани се предадени на вештачење, информираа од делчевската полиција.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*