Низ развој на проектни идеи и под посебен протокол за заштита од КОВИД-19, во Берово денес се одржа втората форумска сесија за идентификација на проектни идеи, за отворената грантова шема како дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети”.
Учесниците на денешната сесија како што информираа од Општина Берово, презентираа 7 проектни идеи, кои беа развиени за време на првата форумска сесија.
-Предлог концептите се однесуваа на проширување на детската градинка, опремување на просторија за лицата со посебни потреби, изградба на игралишта за лицата со посебни потреби, изградба на лифт за лица со посебни потреби во општинската зграда, поставување на фотоволтаици на зградата на пензионерски дом, и рекострукција на стадионот Малеш, информираа од Општина Берово.

Додадoa дека при организација на втората форумска сесија, запазени беа запазени сите здравствени протоколи, односно физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19.
Проектот има за цел да придонесе кон одговорна и транспарентна локалана власт и вклученост на граѓанскиот сектор во донесување на одлуки на локално ниво.
Проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети” е финансиски поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women. Максималниот износ на проектниот грант е 2,7 милиони денари, или 50 илјади швајцарски франци.
Leave a Reply