Во Делчевскиот регион успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството

Во Делчевскиот регион успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството. Илија Каранфиловски раководител на подрачната единица на МЗШВ Делчево информираше дека за 4 до 5 проценти се зголемени бројот на поднесени барања во однос на претходното аплицирање.

-Поднесувањето на барањата се одвиваше во најдобар ред. Вкупниот процент на пријавени изнесува 105 проценти што е зголемување за 5 проценти во однос на претходно. На оние земјоделци кои не можеа сами електронски да аплицираат им беше помогнато од вработените во Подрачната единица. Тоа значи дека сите кои ги исполнуваа условите согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството, рече Каранфиловски.

Фото: Архива

Раководителот на делчевската подрачна единица, додаде дека паралелно во делчевско привршува годинешната жетва.

-Досега жетвените активности се одвиваат без проблеми, освен во текот на вчерашниот ден кога имавме невреме на територијата на Пијанечкиот регион. Досега според информациите од терен, жетвата е околу 75 проценти завршена, додаде Каранфиловски.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделие, воедно апелираа до сите земјоделци кои ги имаат загубено пиновите од своите картички за зелена нафта, истите да си ги подигнат од нивната канцеларија во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*