Екипата на Делчево која од оваа сезона повторно ќе се натпреварува во Првата лига која е второ по квалитет натпреварување ги започна подготовките за новата сезона.
Како што претходно информиравме екипата е составена од играчите кои играа преклани, а меѓу повратниците во екипата се Мирче Георгиев кој се врати од РК ,,Аеродром” и Гоце Георгиевски од ,,Весна Акумулатори”.

Паралелно подготовките ги започнаа и ракометарките кои тренираат на игралиштето пред ООУ ,,Ванчо Прке” почитувајки ги сите протоколи за заштита од Ковид-19.
Leave a Reply