Четириесет и седум крвни единици собрани на денешната крводарителска акција во Делчево

Во Делчево денес се одржа редовната крводарителска акција за месец август. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст  во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип, од каде истакнаа дека крводарителите  ги почитуваа протоколите за дарување крв во услови на Ковид-19.

-Денеска сме во Делчево каде ја спроведуваме редовната крводарителска акција, согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Задоволни сме од излезноста на хуманите граѓани, кои во текот на денот подарија 47 крвни единици, кои и тоа како се потребни во услови кога имаме пандемија, истакна Моника Стоилева, од институтот за трансфузиона медицина од Штип.

Од Институтот за трансфузиона медицина додадоа дека Црвен крст Делчево е меѓу подобрите Општински организации, каде од почетокот на годинава досега речиси секој месец просекот на дарување е околу 50 крвни единици.

Според планираното, утре, 7 август 2020 година, крводарителска акција ќе се реализира и со хуманите граѓани од Општина Македонска Каменица.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/774724436599497/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*