Објавен меѓународниот тендерот за изградба на пречистителна станица и придружни објекти во Делчево

Објавен меѓународниот тендерот за изградба на пречистителна станица и придружни објекти во Делчево. Тендерската постапка за изградба на „Пречистителна станица за питка вода и придружните објекти во Делчево“ вклучува набавка, монтажа и останати услуги, а истата кало што информираа надлежните е започната на 7 август 2020 година.

-Изградбата на пречистителната станица и придружните објекти во Делчево кој е во рамките на проектот „Водоснабдување на Делчево“, вклучува изградба на пречистителна станица за вода, бунари на подземни води и пумпни станици, водоводи и резервоари за вода, како и фотоволтаична централа. Тендерот завршува на 30 септември оваа година, кога и ќе се отвораат понудите, информираа од Општина Делчево.

Презентацијата на понудите е планирана да се одржи кон средината на октомври, а договорот со најдобриот понудувач ќе се потпише во текот на месецот ноември 2020.

-Тендерот се спроведува според упатствата за набавка на СЕКО. Имплементацијата на проектот започна на 29 ноември 2018, а треба да заврши на 31 март 2022 година. Проектот е вреден 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони се донација од Швајцарска конфедерација преку Амбасадата на Швајцарија, а останатото е учество на РСМ преку Министерство за животна средина и Општина Делчево, додадоа од општината.

Краен корисник на проектот кој ср спроведува од швајцарската компанија ЕБП е Јавбото комунално претпријатие Брегалница – Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*