Во Делчево започна реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“

Во Делчево започна реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“. Носител на проектот е делчевската невладина организација „Бравура Кооператива“, чиј претставник Александар Николов истакна главна цел на проектот е создавање одржлива програма за инклузивен економски развој на децата без родители и родителска грижа.

-Проектот „Инклузивен мост 18″ претставува една програма за правилен инклузивен економски развој или економско менаџирање на сопствени средства, на деца без родители и родителска грижа. Проектот го финансира Civica Mobilitas која програма ги препозна нашите намери во однос на актуелните проблеми кои се јавуваат кај оваа популација, Со реализацијата на проектот е опфатен проблем кој се јавува кај децата без родители и родителска грижа кои по наполнувањето на 18 години добиваат материјални средства од Министерството за труд и социјална политика во висина од 180 илјади денари и потоа ги трошат ненаменски, истакна Николов.

Истражувањата направени од Заводот за социјални дејности како што додава, покажале дека децата без родители и родителска грижа во првите 3 месеци добиените средства ги трошат ненаменски најмногу за лични потреби, за лаптопи и скапи компјутери и ги враќаат во ситуација на повторен социјален ризик.

-Нашата цел во однос на оваа проблематика не е во тоа да ја смениме детската психологија на трошењето на пари туку да допринесеме во процесот до кој што тие во целиот живот на престој во институционални форми во случајот на мал групен дом се исклучени од можноста за менаџирање со сопствени средства. Бидејки не постојат програмски моменти кои ги насочуваат децата за нивно менаџирање на средствата на пари, на работилниците како дел од овој проект ќе бараме начин на кој да интервенираме на јакнење на капацитетите на самите деца на институцијата, се со цел да излегуваат млади здрави и пред се позитивно развиени лица кои што се без родители и кои ќе можат да најдат соодветен економски интегритет во заедницата, додава Николов.

Катерина Трајановска која повеќе од 12 години работи во Мал групен дом во Берово, потврди дека проблемот со менаџирање средства се јавува по излегувањето на лицата од групните домови.

-Со 12 годишно работно искуство во мал групен дом имам 15 деца поминато од кои 7 деца веќе излезено, проблемот е тој едниот децата не знаат да менаџираат со пари. Немаат способност да се вклучат во пазар на труд или ако ја имаат таа способност краткотрајно се истрајни и нивните очекувања се дека се треба од државата да им се дава. Целта ни е тие деца да не ги враќаме повторно во социјален ризик, туку да се вклучат и самостојно да соработуваат, рече Трајановска.

Проектот „Инклузивен мост 18“ е во времетраење од 24 месеци. Во истиот се вклучени лица од Заводот за социјални дејности – Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Економскиот факултет во Штип кој ќе работи на менџирање и развој на бизнис планови и програми со нивно студенти.

Во Делчево започна дводневната работилница од проектот „Инклузивен мост 18“

Во Делчево започна дводневната работилница од проектот „Инклузивен мост 18“

Gepostet von delcevo365.mk am Montag, 10. August 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*