Пешачкиот мост во Делчево ќе го носи името на патронот Гоце Делчев

На последната Седница на Советот на Општина Делчево, советниците одлучија новиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево да го носи името на патронот на градот Гоце Делчев.

-Согласно со одлуката, именувањето на мостот „Гоце Делчев“ е определено врз основа на утврдената листа на имиња од Владата на Република Северна Македонија усвоена од Советот на Општина Делчево. Името на мостот ќе биде напишано на македонски јазик и неговото кирилско писмо. За името ќе бидат поставени табли согласно со начинот и со условите предвидени во Законот за определување имиња на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, стои во образложението од одлуката.

Одделението за урбанизам заштита на животната средина, комунални дејности и сообраќај оваа одлука ќе ја спроведе во следниот период.

Иницијативата пешачкиот мост во Делчево да го носи името на патронот на градот Гоце Делчев, како што беше истакнато на седницата е на предлог на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*