РЕГИОНАЛНО: Во тек активности за одржување на електричната мрежа во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово за проширување и одржување на мрежата за улично осветлување, општина Берово деновиве изврши сервис на мрежата на улично осветлување на повеќе локации во градот.

Паралелно со интервенциите за сервис на оштетените сијалични места и замена со нови, во рамките на проектот финансисран од Програмата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија, инсталира нова мрежа за улично освелување, при што се подобрува осветлувањето во целиот град.

Редовното одржување на мрежата за јавно осветлување е обврска на општината, која како што велат надлежните ќе придонесе поголема безбедност за сите граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*