Делчевски планинари и гости од Русија и Британија реализираа 15 километарски марш до Мала Чавка

Група планинари од Делчево, членови на ПСК „Голак“, но и гости од Русија и Обединетото Кралство, денес реализираа планинарска маршрута до врвот Мала Чавка на планината Голак.

Учесници на планинарскиот марш беше и Русинката Екатерина Ефименко и Британецот Бред Мек Алистер кои изразија задоволство од убавата природа и поминатото време со екипата од Делчево.

-Јас сум овде на гостги во Делчево. Решив да учествувам на маршот до Голак. Имате прекрасна природа, чист воздух, така што многу убаво се чувствувам со оваа група планинари, рече Ефименко.

-И јас планинарам со планинарската група од Делчево, кое е одлично место за сите кои сакаат да избегаат од големите европски градови, да ги прочистат дробовите со чист воздух со една убава прошетка која ја реализиравме за половина ден до врвот на планината, истакна Мек Алистер.

Водичот на групата Љупчо Чучуковски кој е и претседател на клубот кој го реализираше маршот, додаде дека маршутата се одивала по првата национална патека во Брегалничкиот регион.

-Почетна точка ни беше од местото Горни Балван, потоа продолживме по Стари Голак, Спортско-рекреативен центар Голак, Виречка Чешма, Бун Чешма и го искачивме врвот Мала Чавка на 1508 метри надморска висина. Се вративме од другата страна на планината Голак, при што имавме заедничка дружба кај спортскиот комплекс на Голак, додаде Чучуковски.

Оваа планинарска тура, како што додаде Чучуковски е подготовка за традиционалниот планинарски марш „Голак 2020“ кој е закажан за месец септември годинава.

ПСК „Голак“ и гости од РУсија и Британија реализираа 15 километарски марш до „Мала Чавка“

ПСК „Голак“ и гости од РУсија и Британија реализираа 15 километарски марш до „Мала Чавка“

Gepostet von delcevo365.mk am Samstag, 15. August 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*