Три нови случаи на Ковид-19

Три нови позитивни на Ковид-19 во Делчево. Како што соопштија од Здравствениот дом во Делчево од вкупно 10-те тестирања кои во петокот поради контактите на веќе заразените беа направени за присуство на Ковид-19, како позитивни на тестот биле 3 пациенти, 1 тест е негативен додека за 6 тестови резултатите допрва ќе бидат соопштени.

-Новите тројца пациенти кај кои е утврдено присуство на Ковид-19 се асимптоматски случаи и се во добра здравствена кондиција. Едно лице од тестираноте е негативно додека за останатите 6 тестови допрва ќе бидат соопштени резултатите. Денес дополнително се направени 3 тестирања за кои исто така очекуваме резултати, истакнаа од Здравствен дом ,,Гоце Делчев” во Делчево.

Од таму упатија апел да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Заклучно со денешниот ден во Делчево има 6 активни случаи на Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*