Општинскиот кризен штаб со нови заклучоци и препораки по зголемениот број случаи со Ковид-19

Поради зголемениот број случаи позитивни на ковид-19, во Делчево вонреден состанок одржа Општинскиот кризен штаб. Меѓу главните проблеми како што беше напоменато на средбата на Кризниот штаб е потребата од епидемилог или друго стручно лице со цел навремено интервенирање во изработката на епидемиолошките анкети по појавата на зголемениот број случаи со Ковид-19 во Делчево.

-Соочени и со проблемот со отсуството на епидемиологот од Делчево и проблемот што за целиот краен исток и за општините Берово, Пехчево, Виница и Делчево е одговорен еден епидемиолог, а во сите овие општини има зголемен број случаи со коронавирус, како ОКШ бараме помош од епидемиолог или друго стручно лице од Центарот за јавно здравје Кочани за да може да се интервенира навремено во изработката на епидемиолошките анкети, побрзо доставување на решенијата за изолација и друго, напоменаа од Кризниот штаб.

Воедно упатена е препорака до Здравствениот дом „Гоце Делчев“ да формира координативно тело составено од здравствени работници од приватното и јавното здравство со цел навремено собирање на податоците за пациентите и дистрибуција на информациите до МВР и епидемиологот.

-Воедно побарано е да се засилат контролите на угостителските објекти, со посебен акцент на придржување до изречените мерки и протоколи и правилното користењето на доделената јавна површина. Во сите фирми и институции строго да се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на работните места. Да се засилат контролите на градскиот пазар и строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19. Инспекциските служби (пазарната), комуналните редари, инспекторот за заштита на животната средина да се поажурни и да доставуваат неделни извештаи за преземените мерки за спречување од КОВИД 19, додадоа од Кризниот штаб.

Градоначалникот Горан Трајковски кој учествуваше на состаонокот на Кризниот штаб уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат совесни и одговорни.

-Бидете совесни и одговорни спрема вашето здравје и здравјето на секој ваште најблиски, пријатели, соседи, колеги, но и спрема секој еден жител на нашиот град. Уште еднаш апелирам носете маски, држете дистанца, дезинфицирајте ги рацете, не се групирајте, давајте точни податоци до надлежните здравствени работници, седете во изолација доколку сте биле во контакт со некој од позитивните лица. Само вака заедно ќе излеземе победници од оваа криза, истакна Трајковски.

Тој апелираше доколку некој има симптоми на болеста или е без симптоми, но имал контакти со заболени лица, задолжително да направи тест и веднаш да се самоизолира, бидејки како што додаде само на тој начин може да се заштитат најблиските, пријателите, соседите и целиот град.

Општина Делчево, додаде тој, како и до сега ќе продолжи со редовна дезинфекција на јавните површини и реквизити, како и на влезовите на институциите

Согласно со податоците од надлежните до 10 часот денеска во Делчево има 11 лица позитивни на коронавирус од кои 3 се со потешка клиничка слика и се на болничко лекување, а 16 лица се во самоизолација. МВР досега поднело 81 пријава за неносење заштитни маски.

Изјава на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски по одржаниот состанок на Општинскиот кризен штаб

Изјава на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски по одржаниот состанок на Општинскиот кризен штаб

Gepostet von delcevo365.mk am Mittwoch, 19. August 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*