Берово победник на конкурсот за нај-еко општина

Општина Берово е победник на конкурсот за нај-еко општина на Шакомак и Шпаркасе Банка. Второ место е Општина Велес, а трето Општина Кавадарци.

Како победничка општина, Берово забележа најголеми резултати во трите категории, според кои жири-комисијата го вреднувала еколошкиот придонес на секоја од општините – по бројот и квалитетот на еко-проекти во текот на изминатата година, буџет за екологија по жител и зеленило како и соодветно менаџирање на целокупниот генериран отпад на ниво на општина.

Општина Берово како што информираат од Пакомак, најмногу се истакнала во категоријата буџет за екологија по жител и зеленило, каде го има добиено максималниот број бодови, а вредни за напоменување се и реализираните проекти за енергетрска ефикасност на општинските објекти, акциите за чистење на Беровско езеро и кампањите за јакнење на еколошката свест кај населението.

Тфрите општини со најдобар резултат според мислењето на комисијата ќе бидат наградени за својата посветеност кон чиста, здрава и одржлива животна средина, анаградите ќе им бидат доделени во текот на месец октомври.

Наградите и донациите се обезбедени од Пакомак и Шпаркасе Банка со цел да бидат од корист на сите во заедницата, но и да поттикнат активно учество во борбата за почиста околина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*