Во тек волонтерски акции за разубавување на Делчево

Со низа активности во Општина Делчево започнуваат подготовките за одбележувањето на денот на градот – 7 Септември. По тој повод денес група волонтери работеа на обнова на дел од урбаната опрема и друг инвентар. Дел од екипата која зеде свое учество се и членовите на Планинарското спортско друштво „Голак“.

-По повод денот на градот, општината организира волонтерска акција за разубавување на градот Делчево. Акцијата се состои во обнова на бојата на мостови, клупи, маси, огради, канделабри и друго. Во тие рамки петчлена екипа составена од три младинки и двајца возрасни членови на ПСК „Голак“ планираме да ги бојадисаме сите канделабри кои што се наоѓаат во централното градско подрачје. Со текот на времето самата боја нанесена на канделабрите опаѓа, заради што со бојадисувањето решивме да им дадеме свежина, истракна Љупчо Чучуковски, претседател на клубот.

За младите волонтери беше чест да се биде дел од денешната акција.

-Чувството е убаво, бидејки му помагам на нашиот град Делчево и да собира повеќе туристи за наредната година, истакна волонтерот Искра Георгиевска.

-И во ваква состојба на коронавирус, чувството да се направи нешто убаво за градот е многу добро, додаде младиот волонтер Александра Попова.

-Оваа волонтерска акција е акција во која сите учествуваме доброволно и едноставно чувството не исполнува да учествуваме во вакви акции кои треба почесто да се организираат, за да може секој да учествува во нив, дополни волонтерот Магдалена Георгиевска.

Од Планинарскиот-спортски клуб „Голак“ додадоа дека до одбележувањето на „Денот на градот – 7 Септември“ ќе бидат спроведени уште неколку вакви акции, за што ги повикаа и останатите граѓани да им се придружат.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/307285413685440/?xts%5B0%5D=68.ARCV-OIOvBD3znzq7MhGEO6rAZ3W1MiWfSHhFeFFeb49-h9tSLEyBwa6RDFcY6Q75vRrGeHTd9G6LZtWuJZnoHuDucmsLQG70-6XYgYrB8xA_XRTQdr-niBoOk8lixR5fAXJQWk4kyxlKsUBN3x2HVc5YaqMHj7nF1W9v8QImE3EfTQEyY1Qoag2l9K7-Ig4dQc8SAmLf44VNir9RbzKIIFLSiTq6k4FuwQ7a5y5h1nLTk0bzpJveexXHav2oPqoi0Guw1TTZwEgfueC1HBY8IUgR_6hukp6c_VJI6JoLUnl-wCKNbcNbq6Ee3DSYbwubA_MFi2RPxterW5E-mdnaS5z9LC1X8M2&tn=-R

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*