Делчево доби своја агро-метеоролошка станица

И Општина Делчево се приклучи на општините каде денес беше поставена агро-метеоролошка станица. По тој повод делчевскиот градоначалник Горан Трајковски изрази задоволство што преку оваа станица земјоделците ќе можат да го планираат своето производство со претходен увид во информациите за состојбата со климата.

-Земјоделството претставува една важна основа за локалната е кономија но исто така игра важна улога во економијата на ИПР. Од тој аспект проектот кој се спроведува е проект кој дава современ аспект на земјоделието и е проект кој прв пат се случува во нашиот регион. Агрометеоролошките станици играат важна улога во осовременувањето на земјоделството кои даваат навремени и подробни информации на земјоделците за да го планираат своето производство. Овие станици ќе даваат информации во однос на климатските промени, можните заболувања на одредени култури со што ќе предочат и за соодветен третман на земјоделските култури. Тука се и многу други компоненти од тој аспект ИПР имплементира еден извонредно добар проект во сите општини кои потпаѓаат под ИПР, рече Трајковски.

Во продолжение изјавата на Трајковски како и на претставникот на Источно-планскиот регион Александар Николов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*