Волонтери од делчевскиот Црвен крст ги штитеа граѓаните од топлото време

Волонтери од делчевскиот Црвен крст денес ги штитеа граѓаните од топлото време. Во рамки на својата активност покрај делење вода за заштита од топлотниот бран, тие делеа и флаери со совети за заштита од коронавирус.

-Ние волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево, денес делевме маски за заштита од Ковид-19. За граѓаните исто така обезбедивме вода и флаери со совети за заштита од топлото време, истакна Маџовска.

Во реализацијата на активноста волонтерите добиле поддршка од неколку локални фирми, кои помогнале со свои донации.

-Благодарност до сите кои дадоа свој придонес за реализирање на акцијата, како фирмата Телхо-Дел од каде ја обезбедивме флашираната вода, како и на фирмата Трентекс која за успешно спроведување на акцијата донираше заштитна опрема, додаде Маџовска.

Од Црвен крст додадоа дека ваквите теренски превентивни активности за справување со топлото време и заштита од Ковид-19 ќе продолжат и во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*