Се зајакнува волонтеризмот во Делчево

Во општина Делчево продолжува зајакнувањето на волонтеризмот во градот. Ова како што истакнаа надлежните се манифестира преку неколкуте спроведени акции за поубав град, кои се реализираат како дел од одбележувањето на Денот на градот кој претстои на 7 септември оваа година. .Од општината информираа дека и во текот на денешниот ден во соработка со членови на спортски клубови, здруженија и други организации се вршеше санација на поголем дел од урбаната опрема во градот.

-Во акцијата масовно се вклучија волонтери од Планинарскиот спортски клуб „Голак“ Делчево, од Општинската организација на Црвениот крст, како и членови на други здруженија на граѓани од Делчево, а помош добивме и од екипи на ЈКП „Брегалница“ Делчево. Акцијата опфаќа санација и бојадисување на урбаната опрема, канделабри, огради на мостовите, како и обновување на спортските и детските игралишта и реквизитите, но и заштитните огради. Потребните материјали и средства ги обезбеди Општина Делчево, информираа надлежните.

Оваа акција според градоначалникот Горан Трајковски претставува поттикнување на волонтеризмот во општината.

-Горд сум на младите и нивниот интерес за вклучување во акцијата. Заедно испраќаме порака дека секој поединец носи одговорност за тоа како ни изгледа градот. Општината е отворена за соработка и за идеи кои ќе придонесат градот да ни е поубав и почист, рече Трајковски.

Тој најави дека вакви и слични акции ќе се организираат и наредниот период.

Надлежните додадоа дека во таа насока Општина Делчево досега има организирано неколку акции со цел почист и поубав град, меѓу кои и акции за расчистување на дивите депонии и акција за пошумување на централното градско подрачје со масовна вклученост на волонтери од градот.

Во насока на овие активности денес со своја изјава излезе претседателот на ПСК „Голак“ Љупчо Чучуковски чии членови учествуваа во реализација на овие активности. тој воедно ја информираше јавноста дека членот на клубт Д-р Соња Мавродиева Георгиевска неодамна стана член на медицинската комисија при ФПСМ.

Во продолжение изјавата на Чучуковски:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*