Пијанечката модра слива со одличен квалитет чека добра цена и пласман

Се повторува ли 2018 година со пијанечкото сино-злато, модрата слива. Ако се суди според зборовите на Славчо Десподов, производител од Делчево одговорот е да. Тој вели дека и годинава пред самата берба на модрата слива се уште нема откупувачи, кои чекаат момент таа да презрее, па потоа да ја откупат по багателни цени.

-Површината овде е околу 10 декари, имам 400 садници модра слива, тоа се од 8 до 10 тона сливи за кои што досега апсолутно се уште се немаат јацвено купци кои уценуваат за цена, па велат ќе дојдат, па не доаѓаат, а едноставно за три четири дена треба да се бере сливата, но нема никој да дојде да ја земе. Најверојатно чекаат како во 2018 што беше случајот, да падне сливата наземи, да ја собираме во вреќи за потоа да се земе без пари, вели Десподов.

Тој додава дека под 10 денари, не вреди да се продаде сливата, бидејки квалитетот е навистина за пофалба оваа година.

-Под 10 денари за килограм не се исплати да се даде сливата, барем да се има некоја минимална печалба да се покрие производната цена. И самите гледате природата дала се, но нема организиран откуп, додава Десподов.

Според него постои начин како да се реши проблемот со откуп на сливата.

-Има начин на кој тоа може да се реши затоа што ние како земјоделска земја може да профитираме и државата и физичките лица и граѓаните. Нема откупна политика, нема земјоделска стратегија, а треба во секој регион да има лиценцирани земјоделски фимир кои ќе вршат откуп на земјоделските прозиводи. Сега се на ред сливите потоа јаболките, пиперките и другите производите, но за жал секоја година истите проблеми, додава Десподов.

Како добар пример кога сливата држела добра цена делчевскиот производител ја посочува 2015 година кога сливата се продавала за 25 денари за килограм. Тој исто така посочи дека немањето преработувачки кпацитет каде би се пласирала сливата е исто така еден од главните проблеми поради кој пијанечкото „модро злато“ и годинава најверојатно ќе биде продадено за џабе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*