До крајот на годината ќе заврши процесот на електронска евиденција за сите читатели во ЈЛБ „Илинден“

До 1 јануари 2021 година, сите членови на Јавната библиотека „Илинден“ од Делчево ќе бидат во електронската евиденција на библиотеката. Директорката на библиотеката информираше дека од воведувањето на електронското издавање книги, пред 9 месеци, електронски се зачленети 313 членови, а останатите 200 членови ќе поминат во системот за електронска евиденција до крајот на оваа година.

-Електронското издавање книги на читатели е многу полесно и попрактично, а библиотеката има увид во издадената литература и лесно се утврдуваат и лицата кои од какви било причини не ги вратиле позајмените наслови.Од целокупниот книжен фонд на библиотеката 20.600 книги до сега се внeсени во Кобис системот, меѓутоа има и постари книги кои секојдневно се внесуваат во овој систем, рече Петровска.

Во меѓувреме како што додаде таа, двете основни училишта во градот доставиле список на лектири кои ќе се обработуваат во оваа учебна година по што библиотеката овие денови ќе ги набави оние кои ги нема или се оштетени.

-На почетокот од месец август од Министерството на образование и наука, библиотеката доби и нова стручна литератута скоро од сите обасти, која се обработува и од септември ќе биде достапна за студентите и за сите кои имаат потреба од стручна литература. Во ЈЛБ „Илинден“ изминатиот период се инвестира и во осовременување и подобрување на условите за работа, но и збогатување на книжниот фонд со нови наслови. Делчевската библиотека ги има сите нови наслови од скоро сите издавачки куќи, набавени се нови лектирни изданија и сликовници за најмладите, а посебно сакам да истакнам дека за првпат е набавена и црковна литература, додаде Петровска.

Од библиотеката додадоа дека последните две години во библиотеката одлично функционира новата читална, создадена од напуштена и неискористена просторија, каде сега доминираат полици полни со стручна литература.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*