Заев: Истокот како никогаш досега застапен во новата Влада

Во координација со Министерството за здравство ќе одлучиме кога ќе се избира нов градоначалник на Штип. Ова го истакна мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев при денешната посета на М.Каменица од каде потенцираше дека Истокот како никогаш досега и кадорвски и територијално ќе биде застапен во Новата Влада.

-Истокот на Македонија е доста застапен во новата Влада јас сум среќен затоа што се изнедрија кадри кои што можат да бидат чесни и одговорни репрезенти на целиот наш народ, покрај градоначалникот на Штип, Берово има министер, Крива Паланка има министер, јас сум од Југо-истокот на Македонија, живеам во Струмица. Ова го кажувам заради тоа што кога се прави селекција и на првите функции во државата, се води грижа и за територијалната застапеност, застапеноста на жените и мажите во Владата. Конкретно за Штип, верувам дека Владата заедно со Советот ќе изнајде решение заедно со Министерството за здравство дали поради епидемијата нови градоначалнички избори ќе има сега, или после 5-6 месеци, за што  верувам дека заедно ќе ја утврдиме одлуката, рече мандатарот Заев.

Во однос на утрешната седница и избор на нова Влада, Заев очекува плодна дебата.

-Секогаш македонскиот парламент имал плодна дебата за избор на Владата. Подготвувам експозе, половина од денешниот ден ќе го искористам да го дозавршам експозето со сите детали од Владината програма која што е доставена, по што ќе испратам охрабрувачка порака до целиот наш народ, да ја пребродиме кризата, но и да се зафатиме со работа. Верувам во оваа земја, во овој наш народ дека ќе има подобра живеачка за сите, и дека ќе успееме, затоа прво одевме решавајки ги меѓународните прашања, чекор по чекор ја кревавме економијата и верувам придобивките ќе ги осетат сите, додаде Заев од М.Каменица.
Во ек на преговорите кои и претстојат на Македонија со Европската Унија, Заев го цитираше чешкиот премиер Бабиш.
-Тој велеше Зоран, преку годините на преговорите буквално гледате како на подобро ви се менува земјата, се подобруваат стандардите, се европеизира државата, се градат вредности и принципи, се враќа насмевката кај граѓаните. Тоа е мојата водилка која ме води во целиот 4 годишен период. Затоа барам помош на овој голем празник, барам поддршка од овој народ барам да се вградиме сите заради тоа што ние обврска да оставиме оставштина на нашите деца да живеат подобро од нас и да биде подобро за сите, додаде мандатарот за состав на идната Влада, додаде во својата изјава пред каменичани, се поизвесниот старо-нов премиер Зоран Заев.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*