Заев од М.Каменица: Распределбата на директорските места во новата Влада ќе бидат познати во септември

Рано е да се разговара за распределба за директорските места со ДУИ затоа што не е битен кој ќе раководи туку дали кадрите одговараат за тие места, истакна мандатарот Зоран Заев одоговарајки на новинарско прашање кога најдоцна ќе бидат познати имињата на новите директори на поважните институции во Новата Влада.

-Во претходната Влада јас станав премиер на 1 јуни 2017, а тоа го одлучувавме некаде во август, зошто, заради тоа што не се прави груба распределба кој каде ќе има одговорност туку кадрите кои се нудат на маса како потенција кој што ги имаме. Секако не само и политичките партии, туку и експертите и професионалците во државата и така ќе ги утврдуваме. рече Заев.

Тој додаде дека најрано тоа би се случило во септември кога ќе се носат тие одлуки, за до почетокот на октомври овие прашања да бидат решени. 

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев

Gepostet von MИА.mk am Freitag, 28. August 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*