Бесплатна градинка за деца опфатени со проектот „Инклузија на деца Роми“ во Делчево

Деца од семејства од социјален ризик опфатени со проектот „Инклузија на деца Роми“ и годинава ќе бидат ослободени од плаќање престој во детска градинка во Делчево за учебната 2020/21 година. Самостојниот референт за безбедност и здравје при работа, Џулиета Мемедова, истакна дека со проектот ќе бидат опфатени 15 деца Роми на возраст до шест години.

-Согласно одлуката која ја поддржаа делчевските советници, вкупно петнаесет деца од ромска националност на возраст од три до шест години кои живеат во социјален ризик, ќе бидат ослободени од партиципација во детската градинка „Весели Цветови“. Трошоците за престој на децата во градинката ќе бидат покриени од блок дотацијата од Министерство за труд и социјална политика на Р. С Македонија наменета за општина Делчево, рече Мемедова.

Со овој проект, како што додаде Мемедова во изминатиот период биле опфатени над 150 деца од ромска националност, кои потекнуваат од семејства во социјален ризик.

-Блок дотациите значи доаѓаат редовно од Министерството за труд и социјална политика и се однесуваат на проектот „Инклузија на деца Роми“, што е финансиски поддржан од Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта, преку кој во изминатите години успешно се социјализираа над 150 дечиња, додаде Мемедова.

Одлуката за реализација на оваа активност ќе стапи на сила по започнувањето со работа на делчевската градинка, која поради пандемијата од надлежните министерства чека зелено светло за спроведување на воспитно-образовните активности

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*