Јавната локална библиотека „Илинден“ и годинава ги продолжува прво септемвриските активности. Директорката Билјана Петровска информираше дека годинава библиотеката одлучила на 1 септември да подари книги и бесплатно членство на најмладите читатели со најмногу прочитани книги и литература.
-Традиционално, на 1 септември, Јавната локална библиотека „Илинден“ спроведува одредена активност. Годинава одлучивме на 1 септември да подариме книга и бесплатен број на нашите читатели кои оваа лето прочитаа најмногу книги и лектири и слободна литература. Тоа се Ива Анакиевска, Катерина Трајковска и Елена Даневска. Честитки до нив нека и понатаму бидат наши редовни членови, а овој наш мал гест нека биде и мала мотивација до сите ученици, да бидат наши членови и редовно да читаат книги, рече Петровска.
Таа додаде дека ЈЛБ „Илинден“, располага со сите лектири кои двете основни училишта во градот ќе ги обработуваат оваа учебна година, меѓу кои задолжителните и изборните лектири.
Во продолжение изјавата на директорката на библиотеката:
Leave a Reply