Нови случаи на Ковид-19 во Делчево, од нив тројца од М.Каменица

Зголемениот број пациенти кои имале симтоми на Ковид-19 за време на празничниот викенд, денес резултираше со 8 нови случаи на Ковид-19 во Делчево. Надлежните од здравствениот дом информираат дека случаите се очекувани, а се резултат на направените тестирања на граѓаните кои деновиве се пожалиле на влошена здравствена состојба.

-Се работи за пациенти на возраст над 45 години, чии наоди налагаа тестирање, а кај дел од нив и болничко згрижување. Тоа се претежно случаи од недела, понеделник и вторник. Дел од нив се упатени на испитувања на Инфективно во најблиските болници, така што како што и се сомневавме 8 од случаите меѓу кои и тројца од М.Каменица испаднаа позитивни, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Добро во целата ситуација според надлежните е тоа што дел од пациентите меѓу кои и првиот кај кој се јави вирусот и беше хоспитализиран, веќе се пуштени од болница.

-Да споменеме дека креветите и душеците кои ги набавивме ги користиме за дел од пациентите кои се во потешка состојба се до моментот додека треба да се препратат на понатамошно лекување. Притоа е запазена заштитата на персоналот и на останатите пациенти со кои е избегнат контактот, додадоа од Здравствен дом.

Денес освен во Делчев. и М.Каменица нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Пехчево, вкупно 5 лица, додека 1 заразено лице од Ковид-19 има и во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*