Делчевец од Америка парично ги помогна членовите на скејт клубот Young Wild Free

Се поголема поддршката за младите скејтери од Делчево по емитуваната сторија за нивната иницијатива за чистење на руинираната спортска сала кај Градскиот стадион во Делчево која лека полека прераснува во мал скејт парк кој го користат за спортување со своите скејт-борди.

Откако добија помош во чистењето и им беа обезбедени неколку реквизити за нивното скејт катче, деновиве тие добија и парична поддршка од 1000 американски долари од наш сограѓанин од Америка.

Парите младите скејтери ги искористија паметно, деновиве беа во посета на главниот град, каде го набавија сето она што им беше потребно за нивното катче, а притоа денес не заборавија да му се заблагодарат на анонимниот делчевец.

-Денес се собравме овде за да се заблагодариме на нашиот сограѓанин во Америка што ни даде поддршка со 1000 долари, со кои купивме скејт-борд даски за сите членови, со што ќе ја направиме салата поубава, рече Давид Стојков.

-Бидејки расте популарноста на овој спорт формиравме клуб кој ќе се вика Young Wild Free во кој може да се зачлени секој оној кој има желба да се бави со овој спорт. Сега имаме 9 членови и очекуваме уште да се зачленат, истакна младиот Иван Димитровски.

-Сакам да кажам дека ако им треба на некои деца помош да возат скејт-борд, можат да дојдат во салата и да станат дел од екипата, истакна Јане Симоновски.

-Посебна благодарност до нашиот сограѓанин кој живее во Америка и ни помогна со 1000 долари. Купивме многу средства за скејт-борд, како што се даските и во врска со салата за да обновиме некои елементи и дуксери. Уште една благодарност до Алпин Ком кои ни ги дадоа првите рампи, а поздрав и до оние кои први ни помогнаа членовите на Error Harmony и нивниот шоп, кои ни помогнаа со железото каде може да се лизгаме, истакна Филип Лафчиски.

-Многу сме задоволни што од една спонатана приказна испадна ова. Се заблагодарувам на сите големи и мали спонзори кои ни помогнаа за да ги имаме овие работи. Сега имаме и клуб, планираме да печатиме и дуксери и уште еднаш голема благодарност до сите кои ни помогнаа, рече Адис Хајдар.

Во разговор со Сашко Симоновски кој е еден од најзаслужните за сето она што сега се случува дознавме дека за помош на дечињата се заинтересирал и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој сакал лично да ги запознае и да им помогне во нивната замисла.

Пицерија Палма од Делчево денес исто така денес ги изненади скејтерите, додека најавена е и друга поддршка во остварувањето на нивните планови.

Во продолжение изјавите на дечињата, како и неколку фотографии и видеа од нивната посета на Скопје.

Продолжува поддршката за младите скејтери од Делчево кои го формираа сопствен клуб Young Wild Free

Продолжува поддршката за младите скејтери од Делчево кои го формираа сопствен клуб Young Wild Free

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 3. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*