Делчево и М.Каменица со по 6 нови случаи од Ковид-19

Делчево и регионот и денес со зголемен број на активни случаи со Ковид-19. Од делчевскиот здравствен дом информираа дека од вкупно 12 те денешни регистрирани случаи, 6 се од М.Каменица.

-Станува збор за повозрасни пациенти од двата градови кои изминатите денови се пожалиле на симптоми карактеристични за коронавирусот, по што се направени тестирања и дел од тестовите излегоа позитивни. На сите им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.

Тестирањата како што додаваат продолжуваат со тоа што за жал и во текот на утрешниот ден ќе има нови позитивни пациенти на коронавирус.

-Иако не е конечна бројка врз денешните случаи до 15 часот, имаме уште 7 нови позитивни од кои 1 лице е од М.Каменица. Се надеваме дека ситуацијата брзо ќе се стабилизира и набргу ќе имаме оздравени пациенти, додадоа од Здравствениот дом во Делчево.

Освен во Делчево и М.Каменица денес со прилично висока бројка во однос на претходните денови е и општина Пехчево каде се регистрирани нови 5 заболени од Ковид-19. Најниско на листата на градови од крајниот Исток со активни случаи е Берово. Во оваа малешевска општина денес има 4 регистрирани случаи на коронавирус.

Денеска во општините од Пијанечко-малешевскиот регион има тројца оздравени пациенти, еден од Делчево и две лица од Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*