Крводарителите од Делчево и регионот даруваа крв

Крводарителите од Делчево, но и од други градови денес повторно ја искористија шансата да донираат крв и да ја покажат својата хуманост на дело во рамки на редовната септемвриска крводарителска акција.

Акцијата како што информираа од Општинската организација на Црвен крст Делчево се одвиваше согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за заштита од вирусот Ковид-19.

-Сите кои учествуваа на денешната крводарителска акција ги почитуваа мерките за заштита. Освен заштитни маски пред дарувањето им беше мерена температура, по што во согласност со Институтот за трансфузиона медицина од Штип кој ја спроведе акцијата можеа да го остврат своето право и да даруваат од животворната течност, истакнаа од Делчевскиот Црвен крст.

Граѓаните на Делчево и денес ја покажаа хуманоста на дело

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 3. September 2020

Меѓу граѓаните кои денес учествуваа на крводарителската акција беа и кочанецот Васе Алексов кој по 30 пат даруваше крв како и делчевецот Благојчо Димитровски.

-Ова ми е 30 пат како дарувам крв. прв пат имам дарувано во средно училиште. Чувството да даруваш крв е многу убаво, дарувам секогаш кога можам и се чувствувам здрав, рече Алексов.

-Досега имам дарувано 7 пати, чувството е убаво не е страшно. На тие што не пробале им препорачувам да се обидат ќе бидат изненадени колку е убаво чувството, истакна Димитровски.

Организаторите на акцијата упатија благодарност до сите кои денес ја покажаа својата хуманост и го остварија предвидениот план за дарување во рамки на денешната акција.

Од крводарителската акција во Делчево

Од крводарителската акција во Делчево

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 3. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*