Повторно санирано тениското игралиште кај Градски стадион

Со поддршка од фирмата Алпин-ком деновиве е извршена повторна санација на тенсикото игралиште во Делчево. По оваа активност игралиштето повторно ќе биде ставено во функција на љубителите на тенисот како репрезентативен спорт.

Како што стои во објавата на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, соочени со фактот поради вандализмот на кое е подложено игралиштето кое е честа мета на несовесни граѓани, во наредниот период тениското игралиште ке биде достапно за бесплатно користење на сите љубители на тенисот секој ден од 15 до 19 h., додека во другиот период од денот игралиштето ќе биде под клуч за да не се дозволи повторно негово уништување.

Исто така, Општина Делчево како што се вели во објавата деновиве врши санација и на другите детски и спортски игралишта, а во агендата е и осветлување на игралиштето кај делчевската гимназија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*