Поради зголемениот број случаи со Ковид-19 во Делчево и М.Каменица сомнителните лица кои нема да се тестираат ќе бидат казнети

Опуштање на граѓаните, не почитување на препораките и одбегнување на тестирање за присуство на Ковид-19. Ова според директорката на делчевскиот здравствен дом се трите главни причини за големување на бројот на заболени од коронавирус во Делчево и М.Каменица каде за само два дена беа регистирирани 20 нови случаи, а бројката на активни случаи во моментот изнесува 77 активни случаи.

-Малку повеќе сме разочарани од односот на граѓаните, ние сами си допринесовме за оваа состојба, се опуштивме малку повеќе. Знаете дека првите месеци со месеци немаше ниту еден случај со Ковид-19. Се почна од опуштањето на младите кога се опуштија со забавите по кафеаните, но да не ги осудуваме само нив, сите ние сме еднакво криви за тоа, маски не се носеа, дистанца не се почитуваше и еве дојдовме во една ваква ситуација да имаме многу позитивни. Покрај тоа што имаме асимптопатски случаи се доведовме во ситуација да имаме многу заболени. Токму денес имаме еден заболен што ќе биде згрижен во болнички услови, така да тоа е малку повеќе загрижувачки за Делчево. Она што е позитивно во целата работа со Ковид-19 е што имаме многу излекувани, првите случаи кои беа доста тешки за наша среќа се вратија живи здрави, се повеќе секој ден ни се враќа по некој, но загрижувачки е тоа што ние имаме секој ден по некој што праќаме во болница, во тој случај е нормално да се очекуваат позитивни тестови и од неговата околина, рече Глигоровска.

Таа информираше дека прегледите на пациентите со симптоми се вршат во посебна просторија заразените да не дојдат во контакт со останатите пациенти.

-Просторијата која ја опремивме со болнички кревети се користи ифункцуионриа доста добро. Се договориме со матичните лекари за сите испитувања да ги праќаат кај нас сомнителните случаи и ги сместуваме во тие ординации, тие се опремени, таму се зема и ЕКГ и крва слика. Очекуваме да го поправиме рентгенот, таму ги очекуваме резултатите, матичните ги прегледуваат за да можат да бидат одделени од останатите пациенти. Во посебна друга ординација се оние со лесни симптоми за да не се случи да се разнесе низ цела амбуланта заразата, соопшти Глигоровска.

Еден од поголемите проблеми кој го посочи директорката на делчевската здравстевена установа е тоа што го одбиваат да се тестираат граѓани кои веќе имале веќе закажани тестирања, а биле во контакт со болен.

-Сакам да го известам граѓанството и нашите пациенти дека се работи за заразно заболување и дека подлежи на закон. Не е тоа обично заболување, па пациентот сам да одлучува за своето здравје. Значи разговарав и со јавниот обвинител и полицијата ако продолжи овој тренд на не-одење на закажано тестирање од страна на сомнителни случаи, ќе посебни санкции и отсега натаму ќе бидат пријавувани бидејки го земаат терминот на некој друг, а постои опасност да се навистина болни и да ја загрозуваат околината. Значи многу пати се случувало пациентот да не оди за тестирање под изговор дека нема кој да го вози или такситите не сакаат и така натаму. Заради ова ние пробавме и нешто друго, во договор со Центарот за јавно здравје, ние да им земаме брисеви тука и да ги носиме на испитување. Почнавме првиот ден, земавме пет брисеви, наше возило ги однесе тестовите за да не одат пациентите, пробавме да го работиме тоа, но наредниот ден некој не сакал да му се зема брис тука. Значи никако не можеме да им угодиме на пациентот, секој бара начин да го избегне тестирањето. Еве сега и јавно ги известувам дека тоа е и казниво дело и дека нема веќе да ги молиме, инфекцијата се шири, дел од совесното граѓанство е разочарано, ние имаме совесни луѓе кои од несовесните се заразуваат, ние вчера имавме 13 позитивни, а во Скопје само 17, мислам тоа е жалосно за едно вакво мало место како што е Делчево и затоа тие што веќе ќе бидат закажани за тестирање, а нема да отидат ќе бидат казнети. Тоа е непопуларна мерка непријатна и жал ми е што морам да го кажам тоа, меѓутоа не знам како размислуваат тие луѓе, го загрозуваат целото општество, граѓанството, и пред се себеси. Еве имавме еден случај пред некој ден не отишол на тестирање пациент, кој исто така не сакал да се лекува и доаѓа во тешка состојба да го хоспитализираме. Ние ќе го пратиме да биде хоспитализиран, не е тоа проблем, но прашањето е но колку тој бил во контакт и со семејството и околината, со соседите и на работа. Затоа велам да се почитуваат мерките, да се тестираат навреме бидејки тие брисеви се земаат пред се за себе, па потоа за најблиските и околината, додаде Глигоровска.

Во однос на состојбата во М.Каменица, Глигоровска додаде дека досега нема хоспитализиран случај од овој град.

-Таму имаме подруга ситуација, имаме соработка односно рудникот кој си има посебна служба откако се појави пандемијата, така да тие реагираат многу ефикасно. Знаете дека Каменица 90 проценти од населението има по некој вработен во рудникот они веднаш го изолираат и таму малку се попослуѓни граѓаните кога се во изолација. Инаку и таму има малку криење, посебно од луѓето што беа присутни во Каменица за време на  одбележувањето на празникот Голема Богородица, луѓе од Италија кои се криеле, а кога одат во Италија кажуваат дека биле позитивни поради што веќе е направена штетата и е доцна за реакција. Меѓутоа во М.Каменица имаме малку порелаксирачка состојба и мислиме дека полесно ќе се справиме со вирусот таму, додаде Глигоровска.

Поради загрижувачката состојба директорката која раководи со здравствените установи во Делчево и М.Каменица апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките, ако докторите матични им закажат тестови, да одат да се тестираат, ако се асимптоамтски да се одмараат со витаминска терапија за да не се шири заразата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*