Уметникот Зенил Реџепов – Стручни добитник на општинското признание /плакета за посебен придонес во културата

Зенил Реџепов – Стручни од Делчево манифестира високо креативно ниво и негува врвен артизам во полето на културата. Многубројни се наградите и другите признанија што „Стручни“ ги има добиено на домашните и интернационални фолклорни сцени како потврда на овие негови квалитети. Стручни ја презентира народната култура од Македонија преку неговото творештво на општинско , национално и меѓународно ниво.

Зенил Реџепов – Стручни на сите настапи, гостувања, турнеи и фестивали бил дочекуван со симпатии, а испраќан со топли и срдечни аплаузи.

Одржал над 1000 концерти во Македонија и светот. Во Пијанечко-малешевскиот регион вклучувајки ја и матичната единица КУД„Гоце Делчев“ Делчево е годишна обука на 300 млади лица т.е. досега има обучено над 4000 млади лица за народното творештво (народната култура).

Во своето долгодишно работење има реализирано повеке програми/проекти меѓу кои: Подобрување на квалитетот на живот во пограничниот регион преку промоција и ревитализација на културното наследство БГ/МК

Координатор на „Делчево фест“ – 44ти Меѓународен музички и фолклорен фестил и 14та Пијанечко –малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот и мн.други

Зенил Реџепов – Стручни е Самостоен уметник и кореограф субвенциониран од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Уметничко творештво: 92.31/2 подготвување и објавување на уметнички дела, 92.31/1 Создавање и интерпретација на уметнички дела, 92.32 Дејности на посредување во културата и дејност на објектите за култура и фолклорни представи.

По повод 7 Септември, градоначалникот на Општина Делчево му додели посебно општинско признание-плакета за посебен придонес во афирмација на фолкорното наследство од Пијанец на Зенил Реџепов-Стручни.

Како вистински амбасадор на македонскиот и делчевскиот фолклор, Реџепов е добитник и на многу меѓународни награди и признанија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*