Парична помош за секое прваче во Делчево

Сите делчевски првачиња кои се запишани во двете општински основни училишта за учебната 2020/21 ќе добијат по 3000 денари, еднократна поддршка. 

Средствата како што информираат од општината се предвидени во општинскиот Буџет како дел од новата мерка на Општина Делчево за поддршка на родителите на првачињата пред почетокот на новата учебна година.

-Средствата ќе бидат наменети да го подготват своето дете кое го започнува образовниот процес што е и мотивација на родителите да ги запишуваат своите деца во делчевските училишта, истакнаа од општината.

Постапката за доделување парична помош за прваче како што додаваат се поведува со поднесување писмено барање до архивата на Општина Делчево.

-Барањето за остварување на правото на парична помош за прваче се поднесува во рок од  три месеци од почетокот на училишната година. Сите детали родителите на делчевските првачиња можат да ги добијат преку општинската веб-страница, додадоа од Општина Делчево.

Во двете основни училишта во Делчево во учебната 2020/21 година се запишани 109 првачиња.

Повеќе инфо на линкот во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*