Во насока на забрзан регионален развој во Берово започна првата фаза од имплементацијата на проектот „Одржлив и инклузивен економски развој“. Главна цел на регионалните форуми кои се реализираат во таа насока е намалување на разликите во развојот помеѓу и во рамките на планските регион со цел подобри услови за живот на сите граѓани.
Д-р Јован Манасиевски, стручен консултант на Швајцарската агенција за развој и соработка пред градоначалниците од Источниот регион истакна дека се поизвесното отпочнување преговори со Европската Унија и отварањето на нови поглавја кои ќе следуваат ќе отвори значајни прашања за регионалниот развој на општините во Македонија.
Според него општините во наредниот период ќе мора многу повеќе да се прилагодат на потребите на луѓето во сите сфери, со особен акцент на социјалната сфера, каде засега, како што рече Mанасиевски општините имаат голем недостаток во однос на социјалниот развој.
-Тука мојата задача како стручен консултант е да ги подготвам градоначалниците од овој регион, за тоа што не очекува во најблиска иднина. Како што знаете најдоцна до крајот на оваа година се очекува да отпочнат официјално преговорите со ЕУ и со отварањето на многу поглавја ќе се отворат и многу прашања кои се врзани со регионалниот развој и со потребите и животот на луѓето во сите сфери. Ние во тој процес ќе мора да се прилагодуваме кон стандардите, кон нормативите кои што се важечки за Европската Унија. Се разбира ние во тој дел имаме голем недостаток особено во делот на социјалниот развој, пред се тука мислам на бројот на деца во детските градинки, во нови легла, во домовите за стари лица, воопшто во средствата што се вложуваат во политиките во лицата што се сиромашни, истакна Манасиевски.
Тој додаде дека од голема важност за општините ќе бидеда се истакнат можностите во Источно-планскиот регион и како треба да се подготват апликациите и за домашните буџетски програми, но и за европските програми кои ќе ги има се повеќе.]
-Тоа ќе биде од особена важност за да можат да ги вметнуваат овие критериуми за социјални програми и на тој начин да добијат повеќе средства и буџетски, но и европски од европските фондови. Ова е значо многу е важно затоа што 70 посто од буџетот на Европската Унија оди во проекти за регионален развој и проекти за развој на земјоделието и руралниот развој, додаде Манасиевски.
Стручниот консултант додаде дека самата ЕУ е програмирана на начин да ги помага овие дејности, но не и да ги прави проектите кои ќе мора да се сработат за подобар регионален развој.
-Наша обврска е да се подготвиме низ тој процес, што точно по кои стандарди се бара за да се подготви одреден проект за да бидеме навистина подготвени. Тука се разбира ќе треба огромна помош од државата, затоа што општините и регионот не можат сами тоа да го сторат. Добра вест е тоа што и со овој почеток на преговорите притисоците од Европската Унија кон поголема децентрализација ќе јакнат, што значи дека независно од ваквата или онаквата политичка волја на чинителите во општеството, Нас не очекува забрзан процес на децентрализација затоа што 70 посто од законите во ЕУ не ги применуваат Владите на земјите членки, туку субнационалните власти, значи локалните и регионалните власти. Тоа значи дека како ние ќе се приближуваме кон ЕУ, ќе ги усвојуваме тие правила, после кои ќе имаме и постапки кој ги спроведува тие закони и тие прописи и во најголем дел тоа ќе бидат локалните власти и регионалните власти, а со спроведувањето на тие процеси нели доаѓаат и буџетски средства, додаде Манасиевски.
Во периодот кој следи како што додава тој, колку државата побргу ќе напредува кон ЕУ, така повеќе моќ ќе добиваат општините и се повеќе програми и средства ќе се вливаат во оваа насока.
Во понатамошниот дел од проектот како што беше истакнато на Регионалниот форум во Берово, Швајцарската агенција за развој и соработка која ги финансира регионалните форуми ќе продолжи со обуки во Центрите за регионален развој, како и работилници со вклученост на Центрите за вработување и Центрите за социјална работа како и локалните подрачни канцеларии на Министерствата за земјоделие и економија.
Проектот е вреден 5 милиони швајцарски франци, од кои 3,3 милиони се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Leave a Reply