УЖАС!!!Животно спакувано во кутија оставено до контејнер во Делчево

Животно спакувано во кутија оставено до контејнер во Делчево. Ваква е денес глетката на паркингот зад зградата кај Здружението на пензионери во Делчево. Револтиран граѓанин на социјалните мрежи сподели фотографии од спакуваното животно притоа извинувајки се на граѓаните за лошата глетка на паркингот.

-Прво ќе објавам пост и веднаш ќе се извинам за грозните слики што ќе ги објавам. И се прашувам во кој век живееме, мајки, татковци, деца, баби, дедовци, сите од овде поминуваме. Сликите се од над пензионерскиот дом на паркингот. Врв на се е животно спакувано во кутија и оставено на тротоар. И пак се прашувам во кој век живееме, вели граѓанин кој ја регистрира грдата глетка.

-Ова место е депонија во центарот на градот, застануваат со авотмобил, исфрлаат и бегаат. Несовесни…., вели граѓанин кој живее во близина во коментар на објавата.

Надлежните велат дека ваквата состојба никому не му оди во прилог, во насока на чиста животна средина. Додаваат дека редовно се чистат контејнерите на овој потег од градот, но дека несовесноста е посилна кај одредени луѓе и оваа слика се повторува неколку пати. Воедно информираа дека веднаш по дојавата на граѓанинот, вработени во претпријатието заедно со директорот го отстраниле животното од паркингот.

Во текот на вчерашниот ден граѓани посведочија за слична ситуација кај спортските терени на Голак. На повеќето фотографии од овие терени можеше да се забележи отпад кој беше расфрлан до блиските контејнери.

Наш читател преку оваа фотографија од планината Голак алармира за несовесноста на поединци која не оди во прилог на чистата животна средина

Gepostet von delcevo365.mk am Samstag, 12. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*