Се излеа јаловина во Каменичка Река

Коритото на Каменичка река од утрово плива во јаловина која според информации на граѓани на М.Каменица се влеала во Калиманско езеро. Меѓу првите кои излегоа на терен беа членивите на здружението на спортски риболовци Шаран кои ја констатираа катастофалната состојба.

-Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка река. Мострите дополнително ќе биде препратена до надлежните на испитување. Она што е очигледно дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението ,,Шаран”.

Во меѓувреме во моментот општината закажа состанок со надлежните по кој најавија подетална информација за денешното излевање на јаловина во коритото на Каменичка река.

Соопштение исто така е најавено и од Рудник Саса кои според информациите на риболовното друштво веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=902373480288395&id=268787666980316

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*