Стабилна епидемиолошката слика со коронавирус на крајниот Исток

По нешто повеќе од еден месец Делчево е без ниту еден новозаболен од Ковид-19. Надлежните од Здравствен дом Делчево информираат дека по 14 август 2020 година, кога се појави првиот позитивен случај на Ковид-19, ова е прв пат да нема нови случаи на позитивни на коронавирус на дневна основа во Делчево

-Долго време бевме општина каде имаше пораст на новозаболените од коронавирус, на моменти бевме и втори на листата веднаш зад Скопје. Денешниот биланс е добра вест за граѓаните и за целиот регион, но нема опуштање, имавме викенд и намален број тестирања, така што останува да почекаме да видиме дали работите ќе продолжат во добар правец, истакнаа надлежните.

Тие додаваат дека се уште има необработени тестови на лица кои се тестирале што значи дека допрва ќе следуваат резултати од тие тестови.

Денес освен во Делчево, добра епидемиолошка слика кога е Ковид-19 во прашање има и во соседните општини М.Каменица, Берово и Пехчево каде исто така нема нови заболени од коронавирус. Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион изнесува 138 лица кои се позитивни на вирусот од кои најголем дел се асимптоматски случаи. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*