Во беровско Митрашинци одбележана годишнината од формирањето на 50-та НО Дивизија

Во беровското село Митрашинци, денеска се чествува годишнината од формирањето на 50-тата Дивизија на НОВ И ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов”. Одбележувањето на 18-ти септември, го организираа Организацијата на резервни офицери за Берово и Пехчево во соработка со Дом на култура од Берово и Општина Берово.

-Во рамки на свечената церемонија со едноминутно молчење присутните им оддадоа почит на загинатите борци и револуционери, а делегации од општествениот и политичкиот живот, положија цвеќе пред споменикот, информираа организаторите. 

Заради запазување на мерките за заштита од Ковид-19 и избегнување на поголемо групирање, на самото одбележување годинава отсуствуваа рециталите и настапите на учениците.

-Во краткиот говор подготвен од преставниците од Дом на култура Берово, беше назначена важноста од формирањето на дивизијата за нејзиното дејствување, со потсетување на борбениот дух и непокорливоста на разловечките востаници, на кресненските бунтовници на илинденските идеолози, која вроди со независна и самостојна држава, додадоа организаторите.

Годинава се навршуваат 76 години од формирањето на 50-тата Дивизија и 14-тата Младинска ударна бригада чии активности биле насочени кон ослободување на наслението за време на НОВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*