В недела он-лајн издание на „Делчево Фест 2020“

Поради актуелната пандемија, годинешното, 44 –то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево Фест 2020“ и традиционалната „Пијанечко-малешевска свадба“ ќе се одржат онлајн.

Во рамки на он-лајн изданието на „Делчево Фест 2020“ преку видеопрезентација ќе се претстават фолклорни друштва од повеќе градови од земјава, како и од Србија, Бугарија, Молдавија и др. Исто така, планирана е и презентација на пијанечката свадбарска носија, како и промоција на свадбарските адети.

-Програмата ја изработивме со многу внимание и труд и е креирана согласно со можностите и ситуацијата во која живееме, со онлајн– настани, но и со неколку настани со публика, организирани по сите предвидени протоколи. Фестивалот ќе биде еден пример, како да се организира културата во овие времиња. Конкретно за овој фестивал, сите учесници испратија по 10-минутен видеоматеријал кои ќе бидат емитувани, a ќе бидат промовирани и свадбарските обичаи, истакна Зенил Реџепов-Стручни, раководител на КУД „Гоце Делчев“ Делчево.

Онлајн- изданието на фестивалот ќе се одржи в недела на 20 септември со почеток во 15 часот преку медиумскиот покровител „Делчево365“.

Фестивалот се одржува во организација на КУД „Гоце Делчев“, под покровителство на градоначалникот на Општина Делчево и со поддршка на Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*