Глигоровска: Да се почитуваат мерките за заштита

По вчерашниот тежок ден во Делчево каде тројца пациенти починаа од Ковид-19 во едно деноноќие, од делечвскиот здравствен дом најавуваат подобрување на ситуацијата со коронавирусот. Според директорката Марија Глигоровска радува фактот што полека оздравуваат пациенти кои биле на болничко лекување откако на почетокот биле со лоша клиничка слика.

-Веќе неколку месеци разговараме на иста тема, последниот месец е многу тежок за нас како општина. За жал вчера имавме многу тежок ден, млади животи згаснаа, не не одмина таа тешка судбина што се случува во цел свет. Она што внесува малку светли моменти во целата ситуација е тоа што шоследната недела почнуваат да стигнуваат и оздравени. тоа е нешто што малку не ослободува, дури ме радува тоа што пациенти што беа во болница со потешки и полесни симптоми веќе се враќаат дома, вели Глигоровска.

Додава дека тестирањата и понатаму продолжуваат и порача лицата со симптоми навреме да ги пријават кај својот матичен лекар.

-Од големо значење е лицата со симптоми да се пријават навреме кај матичниот лекар, за да не дојде во ситуација да дојде запуштен случај и после тоа да не може да се помогне. за подобрување на ситуацијата јас и минатиот пат кажав за непопулараната мерка која се реализира во соработка со полицијата и обвинитеслтвото, така што добро е да се тестираат за да си помогнат и себе и на друтите. Во однос на тестирањат од 10 до 15 лица  кои се тестираат има многу и негативни, има лица кои се  тестираат за патувања и се негативни, но се случува и да отидат во странство и оттаму да дојдат позитивни резултати, додава Глигоровска.

Искуството и науката докажала дека маската е најголема заштита и затоа директорката на делчевскиот здравствен дом препорачува таа обврска да се почитува. Исто така Глогоровска се осврна и на непоткрепените искустава на социјалните мрежи кои според неа негатвино влијаат за непочитување на мерките.

-Нормално маската не е баш пријатна, но за да се зачува здравјето не е толку тешко да се приджуваме до таа мерка за да се заштитиме сите. Ова што се случи во Делчево одеднаш беше неочекувано затоа што долго време немавме позитивни пациенти. Зголемениот број случаи малку влијаеше кај луѓето во смисла на повторно почитување мерките. Не се криви само кафичите, не се криви само младите, можеби треба да се едуцираат. Јас и минатиот пат реков социјалните медиуми колку помагаат толку и одмагаат, се пишуваат различни искуства и приказни, но гледате што се случи, мора да се верува и да се почитуваат законските мерки. Заради себе и заради сите нас и целото колективно здравје, додаде Глигоровска

Во Делчево до 12 часот има повеќе од 70 активни случаи со Ковид-19 од кои дел се жители на Македонска Каменица.

Глигоровска: Да ги почитуваме мерките за заштита

Глигоровска: Да ги почитуваме мерките за заштита

Gepostet von delcevo365.mk am Freitag, 18. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*