Граѓаните и градоначалникот на Берово на теренски средби ќе ги решаваат проблемите

 Граѓаните и градоначалникот на Берово заеднички ќе ги разгледуваат локалните проблеми за кои ќе се бара начин за нивно решавање. Ова е целта на теренските средби кои започнаа во Берово, а на кои преку директен контакт жителите од населените места ќе можат да разговараат за проблеми од локално значење, комунални проблеми, но и да даваат свои предлози и идеи за подобрување на работата на локалната самоуправа.

Од општината информираа дека веќе е реализирана првата таква средба на која граѓаните најмногу разговарале за социјални проблеми.

-На првата таква средба се разговараше со жителите од улиците ,,Белградска”, ,,Цветан Димов” , ,,Кочо Рацин” , ,,Страшо Пинџур” и ,,Дедо Иљо Малешевски” и притоа разговорите со граѓаните се одвиваа во неколку правци. Дел од граѓаните пријдуваат со прашања од социјални проблеми, а поголем дел од граѓаните, бараат решавање на проблеми од комуналната инфраструктура, информираа од општината.

Освен градскиот татко на средбите како што додаваат од општината присуствуваат и раководителите на надлежните општински институции кои изворно се запознаат со барањата на граѓаните и областите во кои е потребна интервенција.

-Покрај средбата со граѓаните, на предвидениот реон, градоначалникот Пекевски, заедно со раководен тим од општината, оствари средба со жителите на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”, каде што е разговарано за подготовка на проект, додека со жителите од улица ,,5”, каде  разговараше за изградба на улицата, со пробивање, додадоа од Општината.

Локалните власти додадоа дека теренските средби со граѓаните на Берово ќе продолжат и понатаму. Според нив ова ќе биде нова алатка на општината за подобрување на транспарентноста и отчетноста на првиот човек на градот при извршување на неговата функција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*