Делчевскиот совет ја одржа 44 Седница

Советот на Општина Делчево денеска го одржа продолжението од 44 Седница која беше прекината поради смртен случај на брачен другар на советник, а во рамки на која советниците со едноминутно молчење им оддадоа почит на лицата ко иги загубија животите од вирусот.

Во рамки на денешната седница, советниците ги донесоа одлуките со кои се бара од Владата организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 година за учениците од СОУ „М.М.Брицо“, ООУ „Св.Климент Охридски“ заедно со подрачните училишта и настава со физичко присуство за учениците од 1 до 5 одделение од подрачните училишта на ООУ „Ванчо Прке“. Одлуките од Советот ќе бидат доставени до Комисијата формирана од Владата на РСМ за разгледување барања за организирање настава со физичко присуство.

На денешната Седница, Советот  даде согласност за утврденото работно време на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево од 05:00 до 18:00 часот. Исто така, Советот на Општина Делчево даде согласност за формирање групи со помал број деца во ОЈУДГ „Весели Цветови“, од бројот предвиден во  Законот за заштита на децата.   

Најголем дел од дискусиите во рамки на денешната Седница може да ги погледнете во продолжение:

Од денешната седница на делчевскиот Совет кој започна со оддавање почит на починатите од Ковид-19

Од денешната седница на делчевскиот Совет кој започна со оддавање почит на починатите од Ковид-19

Gepostet von delcevo365.mk am Freitag, 18. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*